Кинеското вселенско летало Chang’e-4 успешно слета на темната страна на Месечината. Станува збор за прва таква мисија во историјата.
Кинеската национална вселенска агенција го лансираше Chang’e-4 со ракетата Long March-4C од југозападот на Кина. Веднаш по слетувањето на темната страна на Месечината роверот ги испрати и првите фотографии.
Научниците од НАСА се импресионирани од достигнувањето, кое претставува огромен чекор во истражувањето на вселената.
Целта на мисијата е детално мерење и истражување на минералниот состав на Месечината. На темната страна се наоѓаат неспоредливо повеќе кратери, а научниците не можат да сфатат зошто е тоа така.
Оваа мисија, исто така, ги покажува амбициите на Кина заедно со САД и Русија да стане водечка сила во истражување на вселената.
Инаку, “темната страна” на Месечината всушност не е темна, таа е осветлена идентично како и страната која се гледа од Земјата. Зборот темна е поврзан со фактот дека секогаш е свртена спротивно од нашата планета.
Извор: Klix.ba