Samsung во февруари оваа година ќе ја претстави јубилејната 10. генерација на Galaxy S моделот, а во јавноста веќе испливаа бројни информации поврзани со Galaxy S10.
На специјализираните портали, покрај досега познатите гласини, започна да кружи нова гласина, која што овој пат е поврзана со безжичното полнење на новите телефони од Galaxy S10 серијата на јужнокорејската компанија.
Наводно, Galaxy S10 ќе го испрати во историјата полнењето со моќност од 15 W и ќе ја преземе технологијата за безжично полнење Quick Charge 2.0 како и останатите паметни телефони на Samsung.
Доколку ова се покаже вистинито, Galaxy S10 ќе им се придружи на останатите модели од конкуренцијата кои што веќе поддржуваат полнење со моќност од 40 W. Последната верзија на технологијата на Qualcomm која што уредите на Samsung со безжично полнење ја поддржуваат е 27 W, па затоа не е невозможно ова да биде почетна точка на новите топ модели.