Кинеската сонда “Chang’e-4” се подготвува за првото полетување на темната страна на Месечината, соопштија вчера од државната телевизија “CGTN”.

Сондата, наречена по кинеската божица на Месечината, вчера наутро влегла во планираната орбита со цел да се овозможи слетување, известија од споменатиот медиум, цитирајќи ја кинеската национална вселенска агенција. Се очекува сондата да слета во четврток.

Државниот кинески медиум претходно соопшти дека сондата, инаку лансирана на 7-ми декември, ќе слета во Аиткен кратерот, наречен по американскиот астронаут Роберт Гранд Аиткен.

Инаку, кинеската сонда “Chang’e-4” носи семе за експеримент за одгледување на зеленчук во затворена околина на лунарната површина. Сондата исто така е опремена со панорамска камера и разни мерни уреди.

Страната на Месечината која што е „поблиска“ веќе е достигната – Американците во периодот од 1969-та до 1972-ра година испратија дури 12 астронаути на единствениот природен сателит на Земјата.

Првата советска сонда наречена „Луна 24“ за прв пат слета на Месечината во 1976-та година, а до 2013-та година никој не испрати сонда на Месечината се додека таму не пристигна кинеската сонда “Chang’e-3”.

Извор: Zimo.hr