Според информациите од неодамнешните пријави за патенти, Samsung најверојатно влегува на пазарот за беспилотни летала. Јужнокорејската компанија работи на флексибилно беспилотно летало кое вклучува функции како камера, жироскоп и слично.
Пријавата до американската канцеларија за патенти и трговски марки (USPTO) е поднесена на 15 јуни минатата година. Страните на беспилотното летало, каде што се поставени пропелерите, ќе може да се превиткуваат, а структурата на куќиштето на беспилотното летало се состои од два дела, кои се поврзуваат во компактен производ.
Патентот сугерира дека дронот на Samsung ќе има вообичаени карактеристики, како што се поддршка за безжична контрола со помош на телефони, таблети или компјутери. Покрај тоа, беспилотното летало ќе може да се контролира преку домашни апарати и други уреди.
Дронот е опремен со голем број на сензори, вклучувајќи жироскоп, барометар, компас, ултразвучен сензор, сензор за температура и ултравиолетова светлина. Засега нема информации околу тоа дали патентот ќе се претвори во одреден производ и кога Samsung планира да го претстави својот прв дрон.
Поврзани артикли