Корисниците на Google Photos кои не се баш фанови на опцијата за препознавање лица нема да бидат многу среќни откако судија во Чикаго ја отфрли тужбата против компанијата за прекршување на одреден акт во Илиноис поради собирање податоци од фотографии без дозвола. Странките во спорот не можеле да докажат дека претрпеле конкретни повреди од страна на системот за препознавање лица.
Тужбата беше поднесена во март 2016 година.
Google користи препознавање на лица во фотографии за да помогне во пронаоѓање на познати лица или животни, и може да поврзе лице со одредено име само доколку корисникот претходно го навел. Актот за приватност на биометриските податоци предвидува корисникот на услуги да даде согласност за собирање личните податоци.
Поврзани артикли