Британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон изрази “длабока“ загриженост во врска со улогата на кинеската телекомуникациска компанија Huawei во развојот на 5G мрежата во Велика Британија.
Вилијамсон стана првиот британски владин претставник кој се изјасни против кинескиот телекомуникациски гигант, пишува британскиот весник “Тајмс“.
Весникот исто така пренесува дека Вилијамсон верува дека употребата на Huawei 5G опремата ќе овозможи кинеска шпионажа. “Длабоко сум загрижен што Huawei обезбедува 5G мрежа во Велика Британија. Тоа е нешто што треба многу внимателно да се разгледа“, рекол Вилијамсон.
“Ние треба погледнеме што направија партнерите како што се Австралија и САД кога се работи за обезбедувањето на максимална безбедност на 5G мрежата, и треба да го прифатиме фактот дека тие имаат неодамно откриени дека кинеската држава понекогаш работи на недобронамерен начин“, рекол тој.
Британската агенција Ројтерс претходно објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп размислува за извршна наредба за прогласување на вонредна состојба во земјата следната година, со што ќе им се забрани на американски компании да користат телекомуникациската опрема произведена од страна на кинески компании Huawei и ZTE.