Откако HMD Global го купи трејдмаркот PureView од Microsoft Mobile, се појавија гласини за нов камера телефон кој повторно ќе го популаризира брендот Nokia.
Информациите за моделот Nokia 9 PureView пак се појавија неодамна, и се очекува тој да имплементира систем со пет камери, а најновата фотографија ја покажува и конечната верзија на телефонот која ќе биде пласирана на пазарот.
Покрај фотографијата, објавени се и некои хардверски спецификации на уредот. Ова вклучува процесор Snapdragon 845, Full HD + големина на екран од 5,9 инчи, до 8GB RAM и до 128GB простор за складирање. Телефонот исто така има и батерија од 4150mAh, систем со пет сензори на задната страна и предна камера.
Главната карактеристика на телефонот секако ќе биде иновативниот систем за камера, но поради ова корисниците би можело да бидат приморани да го користат постариот Snapdragon 845 процесор во 2019 година. Сè уште не е познато кога ќе биде преставен Nokia 9 PureView, но се очекува тоа да биде за време на CES 2019 или MWC 2019.
Поврзани артикли