Научниците развиле 3D печатена роботска рака која може да свири едноставни музички фрази на пијано преку поместување на рачниот зглоб, пишува Science Daily. И додека раката сепак не е виртуоз, тоа покажува колку е голем предизвикот да се реплицираат сите способности на човечката рака, и дека со овој дизајн може да се постигнат уште покомплексни движења.
Роботската рака, развиена од истражувачите при Универзитетот во Кембриџ, била направена од меки и цврсти материјали за 3D печатење, при што ги реплицирале сите коски и лигаменти, но не и мускулите или тетивите, на човечка рака.
И покрај тоа што ова го ограничило опсегот на движење на роботската рака во споредба со човечката рака, истражувачите откриле дека може да се постигне изненадувачки широк спектар на движења, потпирајќи се на механичкиот дизајн на раката.
Користејќи го ова “пасивно“ движење – во кое прстите не можат да се движат независно – раката може да имитира различни стилови на свирење пијано, без да ги промени материјалните или механичките својства. Резултатите, објавени во списанието Science Robotics, би можеле да помогнат во дизајнот на роботи кои се способни за поприродно движење, со минимална употреба на енергија.