Xiaomi официјално го претстави новиот паметен телефон Mi Play, кој се заснова на чипот на Mediatek и ја претставува новата серија телефони на кинеската компанија.
Конкретно се работи за MediaTek Helio P35 чипот изведен во 12-нанометарскиот производен процес со осум Cortex-A53 CPU јадра и PowerVR GE8320 графичка компонента. Mi Play освен споменатиот чип, поседува и 5,84-инчен FHD+ екран во 19:9 формат, мал кружен notch, 4 GB RAM, 64 GB интерна меморија за складирање податоци, пропирлива со microSD картички и батерија од 3000 mAh.
Оперативниот систем е Android 8.1 Oreo во комбинација со MIUI 10 интерфејс. Фотографската компонента на смартфонор се состои од двојна задна камера (која се состои од главен 12-мегапикселен и 2-мегапикселен секундарен сензор) и 8-мегапикселна селфи камера.
Телефонот ќе биде достапен во црна, Dream Blue и Twilight Gold изведба. Достапен е USB Type-C приклучок, поддршка за Wi-Fi (802.11ac), Bluetooth 4.2, а сензорот за отпечатоци се наоѓа од задната страна.
Овој телефон, исто така, се врзува и со новиот Гинисов рекорд што го постигна Xiaomi, поставувајќи досега најголем анимиран мозаик во облик на божиќна елка, кој се состои од вкупно 1008 Mi Play уреди.