Најголем број AR очила, уште од објавата на Google Glass моделите во 2013. година ја користеа технологијата позната како Liquid Crystal on Silicon (LCoS) за своите дисплеи. Меѓутоа, други технологии на екрани се очигледно подобри за ваквите уреди
Според наводите на истражувачкото одделение на Digitimes, microLED ќе стане главна дисплеј технологија во идните AR уреди.
Врз основа на извештајот, AMOLED дисплеите би можеле да бидат главна конкуренција помеѓу microLED екраните. Меѓутоа microLED дисплеите имаат пониска латенција, повисок контраст и подолг животен век отколку AMOLED. Тие се исто така и до 30 пати поссветли од AMOLED екраните.
Иако би можеле да бидат најдобар избор за AR очилата, постојат и некои недостатоци кај microLED технологијата. Засега, ваквите дисплеи не се дел од масовното производство, бидејќи се тешки за креирање. Со ова се соочија и Samsung и Apple, иако гласините сугерираат дека Apple моментно работи на AR очила со нова технологија.
Digitimes очекува дека потрошувачките производи со microLED технологијата на Apple ќе се појават на пазарот во текот на следната година.