Елон Маск неодамна јавно го пофали рускиот ракетен мотор RD-180, кој според неговото мислење, изгледа одлично и истакна дека инженерите кои стојат зад неговите лути ривали Lockheed и Boeing би требало да се засрамат.
Овој ексцентричен милијардер на Twitter искажа неколку убави зборови за RD-180 ракетниот мотор, додека истовремено им се исмеваше на неговите конкуренти.
“Незгодно е Boeing и Lockheed да мораат да користат руски мотор на Atlas, чиј дизајн, рака на срце е брилијантен”, напиша Маск на Twitter.
На развивањето на RD-180 ракетниот мотор работеше компанијата NPO Energomash во текот на 90-те години на минатиот век, а својата работа ја темелеше врз основа на постариот советски модел RD-170.
Покрај дизајнот, Елон Маск е воодушевен и од моќната комбинација на иновативна технологија и перформанси кои ги нуди RD-180. Имено, тој е опишан како ефикасен, доверлив мотор кој е посебно прилагоден за семејството Atlas.