Како и обично, имаме многу различни додатоци со различни можности за употреба. Сепак запомнете, некои од овие додатоци се сосема нови, а на некои сигурно ќе им требаат повеќе верзии за да станат совршени , но и вака се доволно добри. Па, ајде да ги разгледаме:
1. Bump This
Bump This додава копче Bump (збор кој доаѓа од – Bring Up My Post, т.е однеси го мојот пост горе) кога се прегледува пост. Кога доволно луѓе ќе кликнат на копчето под постот, тој пост ќе се помести погоре на листата со постови. Ова е одличен начин на кој корисниците ќе може да во помогнат да ја поставите популарната содржина на место каде и другите ќе може да ја видат.
Некои мали недостатоци: во моментов само пријавените корисници може да го употребуваат копчето. Уште полошо е што еден корисник може по неколку пати да го кликнува копчето под истиот пост, но претходно треба да го напушти постот и повторно да се врати на истиот. Навистина ме интересира како би напредувал овој додаток после неколку ажурирања.
2. Video Capture
Со овој додаток може да додадете видео снимки на вашата WordPress инсталација. Поставете краток код на било која страница или пост и корисниците ќе може да снимаат кратки видеа до 3 минути должина.
Откако ќе се сними видеото, може да му пристапите од администраторскиот панел на WordPress. Може да го превземате и бришете, и претпоставувам, да го вметнете на друго место. Видео снимките се со лош квалитет,.flv датотеки, и се зачувуваат на сервер на трето лице. (Ова веќе загрижува!) Сепак, доколку имате потреба од едноставен, бесплатен начин да добиете снимка од корисниците на веб камера и ви одговараат условите, овој додаток ќе ви заврши работа.
3. LeadIn
LeadIn е еден од порафинираните додатоци на оваа листа. Тој се интегрира со голем број на додатоци за формулари за WordPress, и секогаш кога некој ќе поднесе формулар (на пр. за контакт) на вашата веб страница, тој се додава во контакт базата на податоци. Историјата на прегледи на страницата за секој контакт се наведува во неговата датотека, па може да видите за кои делови од вашата веб страница се интересираат вашите корисници.
Додатокот доаѓа со изборен формулар за пријавување за билтени кој се појавува само ако корисникот скролува до дното на било која страница. Корисникот може да се пријави или да го затвори скок формуларот и тој повеќе нема да се појавува.
4. Gmail Comment Approval
Кај Gmail Comment Approval додатокот треба да се прилагодат повеќе параметри на почетокот, но крајниот резултат навистина воодушевува. Откако ќе го инсталирате, целата ваша електронска пошта за известувањаво WordPress ќе биде DKIM потпишана, а со тоа вашата адреса за електронска пошта ќе биде регистрирана на Google па ќе може да дозволувате дозволувате нови коментари на вашата веб страница преку Gmail.
5. Flaunt Your Clients
Иако првично е дизајниран за фотографии, овој додаток може да се употреби во различни сценарија. Она што е најважно е дека тој додава нов тип на поле за содржина дизајниран за приказни на клиентите и изјави за нивното искуство. Овие страници за клиентите може да се сортираат по категории, да се поврзуваат со постови на блогот, итн.
6. Google Web Fonts Customizer (GWFC)
Не сте задоволни со фонтот на вашата претходно направена тема? GWFC додава секција во прилагодувачот на теми во администраторскиот панел. Ова ќе ви дозволи да го изберете било кој фонт од Google веб фонтовите за насловот, текстот во пасусите, блок цитатите и за ставките во листите.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-порталот Еверест
Поврзани артикли