Секоја година, околу 3000 вештачки изработени смарагди излегуваат од лабораторијата на белоруската академија на науките. Според информациите кои се појавија во медиумите, црвениот берил, како што се нарекува бикситот, кој е крајно редок во природата, научниците од лабораторијата на Белоруската академија на науките сами го „произведуваат“, па дури и успеале да ја добијат скоро неговата природна боја.
„Во природата, тоа е тривалентен манган. Сега секој во светот користи кобалт, кој обезбедува таква боја, но тој не го прави каменот близу до природниот. Никој во светот досега не успеал да дојде до бојата која ја создадовме ние“, вели Андреј Солдатов, водечки научник на Академијата на науките на Белорусија.
Зелени берили, смарагди, исто така се одгледуваат во лабораторија повеќе од една година. „Жетвата“ се собира на секои три до четири месеци. Главните својства на вештачките камења не се воопшто инфериорни во однос на природните. Научниците не ја откриваат тајната на успехот.
„Природни смарагди потешко се сечат, бидејќи има многу недостатоци – пукнатини и слично. Каменот е многу кревок. Нашиот камен практично нема пукнатини, многу е погуст и затоа, многу подобро се произведува накит од него“, додава Солдатов.
Ваквите вештачки смарагди се испорачуваат во Русија, Германија, Индија, Кина, но имаат забрана за влез во Бразил, каде не сакаат да стане забуна со пазарот на природни скапоцени камења.
Поврзани артикли