Според прелиминарните анализи на компанијата App Annie, преземањето на апликации во текот на оваа година порасна на 113 милијарди. Ова е раст од 10 проценти во однос на минатата година. Потрошувачката на апликации исто така порасна на преку 76 милијарди долари. Тоа претставува зголемување од 20 проценти во однос на 2017. година.
Добиените резултати се извлечени и од Apple App Store и Google Play Store, заклучно со 15. декември. Без изненадување, корисниците најмногу трошеле на мобилен гејминг. Кога е во прашање 2019. година, App Annie предвидува раст на трошењето средства на апликации, што ќе оди и до 122 милијарди долари.
Во текот на оваа година, просечниот смартфон корисник поминувал три часа дневно користејќи апликации, што е пораст од 10 проценти во однос на минатата година и 20 отсто во однос на 2016. Кога е во прашање поредокот на апликации, кои не се игри – на врвот се наоѓа Facebook Messenger, а го следат Facebook, WhatsApp и видео апликацијата TikTok. На петтото место е Instagram. Меѓу најпопуларните пет игри се наоѓаат Helix Jump, Subway Surfers, PUBG Mobile, Free Fire и Love Balls.
Кога е во прашање заработката, на врвот се наоѓа Netflix, а следуваат Tinder, Tencent Video, IQIYI и Pandora Music. Игри кои најмногу заработиле се Fate/Grand Order, Honour of Kings, Monster Strike, Candy Crush Saga и Lineage M.