Оние кои ги сакаат гласовните пораки нема посебно да и се израдуваат на новата опција, но голем број корисници, сепак, повеќе ги избира текстуалните пораки, бидејќи е полесно да се прочитаат во било која ситуација.

Viber постои веќе осум години, а во првите четири генерираше голем број корисници, поради што во 2014. година, за милијарда долари го купи јапонскиот e-commerce гигант Rakuten. Денес има околу милијарда регистрирани корисници, кои константно очекуваат нови опции и поедноставна комуникација.

Гласовните пораки обично се користат затоа што се побрзи и поедноставни, бидејќи поголем број корисници побрзо зборуваат отколку што пишуваат. Така и во рамките на Viber расте бројот на пораките испратени во аудио формат, а експертите претпоставуваат дека до тоа е дојдено, затоа што се поголем број корисници се навикнува да им задава гласовни команди на дигиталните асистенти, и оваа навика се пренесува и на комуницирањето со другите корисници. Поради ова, максималната должина на гласовната Viber порака е продолжена на 15 минути, и во неа може да собере цел монолог со голем број информации.

Иако се побрзи, гласовните пораки се сепак понезгодни од текстуалните, бидејќи не е можно да бидат преслушани во секоја ситуација, па Viber најави опција која во иднина гласовните пораки ќе ги преведува во текст, со цел на крајот сите да бидат задоволни.