Научниците, вклучувајќи ги и истражувачите во НАСА, предложиле план за создавање нуклеарни роботи, кои би требало да копаат длабоко во центарот на месечината на Јупитер, а со надеж дека таму ќе најдат вонземјани.
Овој план нуди можност да се истражи дали на месечината на Јупитер, длабоко под нејзината површина се кријат вонземјани, како што се сомневаат некои научници, пренесува „Independent“.
Водата која е сокриена под површината на месечината на Јупитер се смета за една од најперспективните места за пронаоѓање на вонземјански животи во нашиот соларен систем. Но, тој е заглавен под дебелиот лед, што го отежнува директното истражување.
Затоа, научните предложиле да се направи робот кои ќе успее да го ископа тој мраз и да истражи што всушност се наоѓа под него.
Сепак, за овој предлог постојат голем број отворени прашања, меѓу кои се поставува и прашањето како тој робот ќе стигне воопшто на таа оддалечена планета.
Уште едно прашање ги вознемирува, на кое исто така немаат одговор, а тоа е како би се пренела пораката на роботот до Земјата, низ длабокиот мраз на месечината на Јупитер.
Извор: B92.net
Поврзани артикли