Ви претставуваме четири извонредни апликации кои за малa сума или сосема бесплатно ќе ви го заштитат смартфонот од крадците.
1. Applock
Ќе започнеме со Applock. Оваа апликација ви овозможува со лозинка да ја заклучите која било апликација на вашиот телефон. Можеби ова нема да ви помогне ако ви го украдат телефонот, но барем можете да бидете сигурни дека никој нема да ви копа по приватните податоци. Исто така, Applock може да ги сокрива фотографиите и снимките, како и да блокира повици.
Оваа апликација можете да ја преземете бесплатно, а ако сакате да се ослободите од рекламите, постои и можност за претплата.
2. Anti Theft Alarm
Барате нешто едноставно? Испробајте ја Anti Theft Alarm. Станува збор за едноставен аларм кој се активира во одредени околности. На пример, можете да направите тој да се огласи штом некој ќе го исклучи телефонот од полнач, доколку го помести од местото каде што сте го оставиле или ако некој се обиде да ја смени СИМ-картичката.
Алармот може да се огласи и кога на уредот му се исклучени звуците. Откако ќе го активирате, звукот нема да престане да свири додека не ја внесете лозинката – промената на батеријата или картичката нема да помогне.
Anti Theft Alarm е сосема бесплатна.
3. Cerberus
Ова е една од најпознатите и најкорисните апликации за заштита на „андроидите“ од кражба. Оваа апликација е посебна поради многу функции. „Cerberus“ го штити вашиот телефон на три начини: преку пораки, преку интернет-страница и преку автоматски потсетник. Исто така, оваа апликација може да го следи и лоцира вашиот телефон, да го заклучи, да го активира алармот, да ги сними разговорите и да ги исчисти екстерната и интерната меморија.
Cerberus автоматски ги снима фотографиите и снимките на лицето што ви го зело телефонот и сето тоа може да ви го испрати преку таканаречен облак. Дури и можете да снимите звуци со помош на микрофонот.
Апликацијата можете бесплатно да ја преземете и да ја користите седум дена, по што ќе мора да одлучите дали сакате да ја платите годишната претплата од пет долари.
4. Where’s My Droid
Where’s My Droid во својот основен пакет не чини ништо, но како опција нуди два претплатнички модела. Во бесплатната верзија има функција за лоцирање на уредот, поставување лозинки и праќање предупредување ако некој ја промени картичката.
Опцијата Pro нуди повеќе функции, како снимање фотографии, заклучување и криење на иконите. Оваа опција може да се добие со еднократна трансакција од четири долари.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли