Во текот на својот медиумски настан, Lenovo прилично изненадувачки го најави Lenovo Z5 Pro GT – прв телефон со Snapdragon 855 чипсет и 12GB RAM.
Со оглед на тоа дека се во врска со овој смартфон е врзано за брзината, самиот дизајн на уредот е креиран со таа намера. Задната страна е од стакло со шематика која имитира јаглен, додека црвените акценти се додадени од горната страна, на главните сензори на камерата и долната половина на слајдерот.
Останатите спецификации се исто како кај стандардниот Lenovo Z5 Pro модел. Тука е 6,4-инчниот Super AMOLED дисплеј, кој во екранот има сензор за отисоци од прсти, тука е слајдер механизмот во кој се наоѓа 16MP + 8MP систем селфи камери, додека на задната страна се наоѓаат 16 + 24 MP камери.
Постојат три варијанти на телефонот, со три различни цени: 6/128 GB по цена од околу $390/€340, 8/25 GB по цена од околу $500/€440 и најмоќниот модел со 12 GB RAM и 512 GB простор за складирање и цена од околу $650/€560. Претпродажбата на Lenovo Z5 Pro GT почнува на 15. јануари, а испораката на пазарот почнува на 24. јануари.
Поврзани артикли