Со помош на системот Hubble Deep UV е направена спектакуларна снимка со создавање на 12.000 ѕвезди во внатрешноста на галактичко јадро.
Погледот на „Хабл” низ ултравиолетовиот спектар отвора нов поглед во вечно растечкиот универзум, следејќи го создавањето на ѕвезди во текот на изминатите 11 милијарди години сè до најактивниот „бејби бум“ кој се случил пред околу 3 милијарди години по Големата експлозија.
Благодарение на собраните податоци во инфрацрвен, ултравиолетов и видлив спектар, астрономите составија најсеопфатна слика за еволуцијата на универзумот досега. Сликата го покажува јазот помеѓу далечни галаксии што може да се види само преку инфрацрвениот филтер, како и галаксии блиски до нас кои можат да се видат во поширок спектар на бранови должини на светлината.
Светлината што доаѓа од далечните области во кои некогаш одамна биле создадени ѕвездите на почеток се наоѓаат во ултравиолетовиот спектар, но како што се шири универзумот, ослободената светлина влезе во инфрацрвениот дел од спектарот.
Со споредување на слики што го покажуваат појавувањето на ѕвездата во далечниот и блискиот универзум, научниците можат подобро да го разберат начинот на кој блиските галаксии настанале од мал рој жешки млади ѕвезди. За споредба, мозаикот што го гледате погоре во моментов е 14 пати поголем од подрачјата што „Хабл“ ги сликал и ги испратил во 2014 година.
Низ зелената магла на аурора бореалис/Фото: NASA
Аурора јужно од Австралија/Фото: NASA
Превезот во боја на аурора над Земјата/Фото: NASA
Поврзани артикли