Американскиот милијардер и сопственик на вселенската компанија SpaceX, Eлон Маск, одржа презентација и официјално го отвори подземниот тунел под Лос Анџелес.

Претходно, Маск изјави дека подземниот тунел ќе биде отворен на 10. декември, но лансирањето на проектот беше одложено.

Елон Маск на презентацијата соопшти дека за брзото движење на возилата низ тунелот ќе бидат поставени подвижни странични тркала кои ќе можат да се вадат и ставаат по потреба. На презентацијата бил прикажан и автомобил на Tesla.

Маск на својот Твитер профил објавил дека таквите тркала можат да се произведат не само за Tesla, туку и за други електрични автомобили.

„Ќе може да се вози со брзина од повеќе од 240 километри на час. Таа брзина ќе ви овозможи да се „телепортирате” низ градот, а во сите тунели постојано ќе циркулираат автомобили кои ќе бидат наменети за пешаци и велосипедисти”.

Милијардерот го објави почетокот на изградбата на тунелот кон крајот на јуни 2017 година.

Планот на Елон Маск предвидува паралелна изградба на две мрежи од тунели во областа на Лос Анџелес и во престолничкиот регион на источниот брег. Во следната фаза не е исклучено ниту создавањето на подземни коридори во Тексас или Сан Франциско.