Многу кучиња и други домашни миленици се преплашени од огномети, поради тоа што нивниот осет за слух е многу поизострен, па така звуците од огнометите се претвораат во едно какофонија од звуци. Компанијата Ford сега нуди решение на овој проблем. Компанијата дизајнираше куќичка за кучиња кој користи noise canceling технологија за да ја минимизира агонијата на овие кутри животни за време на огномети. Слично на технологијата која се користи во одредени слушалки, оваа смарт куќичка детектира експлозии со помош на вградени микрофони и ги спречува со помош на испуштање на фреквенции кои прилично ги намалуваат или целосно ги елиминираат звуците. Куќичката е опремена и со панели отпорни на звук, анти-вибрациски систем, па дури и вентилацијата е отпорна на звук, а автоматската врата му овозможува на вашиот миленик веднаш да се засолни.
Оваа куќичка е само прототип, и не е во доменот на експертизата на автомобилскиот производител. Но сепак лесно е да се предвиди некој сличен производ на овој во иднина. Со овој изум на Ford, сè што ќе треба да направите е да го натерате вашето куче да се одмара додека вие уживате во спектаклот со огномети.
Поврзани артикли