Откако AT&T и Verizon понудија поддршка за eSIM во iPhone, сега на ред е T-Mobile. Оваа мрежа објави eSIM апликација која овозможува телефонска мрежа на вашите iPhone XR, iPhone XS или iPhone XS Max без да треба да внесуваат мала картичка. Но, оваа опција засега е достапна само за припејд корисниците. T-Mobile ја нуди оваа опција за посетителите на САД, постоечките корисници кои сакаат дополнителна линија или за оние кои сакаат да ја испробаат оваа опција без некои посебни договори.
Со овој новитет само Sprint, една од четирите топ мрежи во САД остана без оваа поддршка за оваа услуга.