Компанијата Nio се подготвува да го лансира второто електрично SUV возило откако пред неколку месеци ја лансираше првата серија. Кинескиот производител на автомобили го откри ES6, нискобуџетно SUV чија цена започнува од 52,000 долари – 14,000 помалку од ES8. Иако Nio не ги откри разликите во моделите, сепак не треба да се очекува ништо спектакуларно. Почетниот модел може да достигне 62 MPH за 5.6 секунди и треба да има опсег од 255 милји во Европскиот NEDC тест циклус благодарение на батерија од 70kWh (постои и опција за батерија од 84kWh со опсег од 298 милји).
Кинеските возачи можат да направат преднарачка ES6. Истовремено, од Nio велат дека ќе пласираат батерија од 84kWh и за моделот ES8.
Поврзани артикли