Македонија го има приматот од земјите во регионот со производи според најсовремената, нано-технологија, за градежништвото и заштитата на енергијата во објектите. За три години, Фондот за иновации, во два наврата поддржа проекти за производство според нано-технологиите за овие области.
Според прилепскиот бизнисмен Јандре Здравески, чија фирма ги произведува двата намаза, за фасади, ѕидови и за стакло и првично се пласираат во неколку европски земји: Швајцарија, Италија, Хрватска, наскоро и во Пакистан, Македонија има знаење и може да се носи со стручњаците од земјите-лидери во нано техмнологиите.
– Два производа се по нано технологии кои ги избра финансиски да ги поддржи Фондот за иновации на Македонија. Едната иновација е во 2015 година, а втората е годинава. Овие два проекта по нано технолигија, чија намена им е за енергетска ефикасност, со нивната употреба може да се заштеди до 30 насто од потрошувачката на енергија во домот и воопшто во објектите. Ваков тип на технологии во Македонија не се произведуваат, ниту пак, пошироко во регионот. Со експерти од светот се создадени овие производи. Наскоро ќе се најдат низ цела Европа и во светот – вели Здравески.
– Македонските млади кадри и експерти, може рамо до рамо да се носат со тие светски лидери. Македонија има стручност и може, доколку сака, да се носи со новите предизвици. За развојот на овие технологии, нам ни треба повеќе домашна поддршка, отколку од странство. Затоа е битна финасиската поддршка од Фондот за иновации – објаснува Здравески.
Поврзани артикли