Facebook Watch и натаму се шири, и покрај тоа што не успеа да го привлече саканиот број помлади корисници, на кои дигиталното опкружување им стана природен амбиент.
Компанијата најави дека Watch пристигнува и на десктоп платформата, како и на Facebook Lite. Овој потег следуваше откако Facebook инвестираше во оригиналните информативни програми во соработка со CNN, Buzzfeed и ABC News.
За креирање на информативните содржини одреден е буџет од 90 милиони доларо, но постојат назнаки овие средства да се пренасочуваат на другите области, бидејќи дел од Watch сервисот наменет за информативни програми донесе далеку помалку приходи од очекуваните.
Па така, компанијата се пренасочува на видео содржини, кои повеќе потсетуваат на класична телевизиска програма, со цел да ја подигне Watch платформата на следното ниво и да ја направи посериозен конкурент за позрелите видео сервиси.