Новооткриена планета со големина на Нептун толку и се приближи на ѕвездата околу која кружи, што научниците претпоставуваат дека наскоро би можела едноставно да се стопи.
Експертите истакнуваат дека ова е најопасен начин на кој планетите ја губат масата и додаваат дека случајот на новооткриената планета е најекстремен од досега познатите и дека губи повеќе маса од било која позната егзопланета која се нашла во таква ситуација. Токму поради тоа се предвидува дека во следните неколку милијарди години, половина од планетата би можела едноставно да исчезне.
Имено, се работи за планетата GJ 3470b, која во научните кругови е позната како „жежок Нептун”, што значи дека се работи за врел гигант, како Нептун или Јупитер, а разликата е во тоа што новата планета е поблиску до својата ѕвезда од било која планета од нашиот Соларен систем.
GJ 3470b е всушност, толку блиску до ѕвездата околу која кружи што едноставно испарува во вселената. Без оглед на големината, планетата нема голема маса, така што гравитациската сила е толку слаба, што се јавува проблем дури и кога е во прашање задржување во атмосферата
Исчезнувањето на планетата GJ 3470b би можело да пружи корисен увид во функционирањето на гасните планети надвор од нашиот Соларен систем, а посебно поради тоа што таканаречените „гасни Нептуни” се прилично ретки. Научниците дошле до заклучок дека тоа се случува поради тоа што се уништуваат кога ќе им се приближат на своите ѕвезди, по што се распаѓаат во тн. „мини-Нептуни”.