По повеќето објави на различните полуофицијални фотографии до кои стигнаа разни дојавувачи, Huawei одлучи да објави и официјални рендери на смартфонот Nova 4. Да потсетиме, дотичниот смартфон ќе и биде официјално претставен на јавноста на 17. декември годинава.
Како што се гледа на рендерите, а се гледа и на официјалната покана за медиуми, предната страна на уредот речиси во целост е покриена со екран. Од долната страна се наоѓа малку поголема рамка во однос на останатите рамки на куќиштето. За поголем дел од куќиштето да биде прекриен со екран, Huawei одлучи смартфонот да го опреми со екран со отвор, кој во медиумите уште се нарекува и „hole punch“, а под кој се наоѓа предната, селфи камера.
На овој начин се потврдени и трите камери од задната страна, како и дека уредот нема да има скенер на отисоци вграден во екранот, туку стандарден кој ќе се наоѓа од задната страна. Според досегашните гласини, Nova 4 има 6,4-инчен екран, се заснова на постар чипсет – Kirin 970, има 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија и батерија со капацитет 3750 mAh.
Изворите наведуваат дека ќе постојат два модела, поскап и поевтин. Поевтиниот модел ќе пристигне во конфигурации со камери од 20 MP, 16 MP и 2 MP, додека поскапиот модел ќе има камери од 48 MP, 16 MP и 2 MP. Од предната страна, лак двата модела ќе се наоѓаат камери од 16 MP.