Според предвидувањата на Синди Лиу, аналитичарка на компанијата eMarketer, во текот на 2019. година, паметен часовник ќе поседуваат повеќе од 10 проценти од полнолетните Американци.
Компанијата за маркетиншки истражувања eMarketer спроведе истражување за состојбата на американскиот пазар на паметни часовници. Истата компанија, односно нејзината аналитичарка Синди Лиу предвидува дека идната година, еден од десет Американци ќе поседуваат некој од паметните часовници, кои се достапни на пазарот.
Па така, во 2019. година околу 28.7 милиони полнолетни Американци, односно 11,1 проценти од нив би требало да поседуваат паметен часовник. Вреди да се истакне дека за носечките уреди посебно е заинтересирано постарото американско граѓанство.
Повеќе од 8 милиони лица кои имаат 55 и повеќе години ќе почнаат следната година да користат некој од носечките уреди (што е пораст од 15 проценти во однос на 2018. година). Функциите кои ги привлекуваат постарите корисници се првенствено можностите кои се однесуваат на нивното здравје (на пример мерењето на отчукувањето на срцето, крвниот притисок и квалитетот на сонот).
Поврзани артикли