Апликацијата има само една цел, да ви олесни да ја надминете “смртта” на вашата батерија
“Die With me” апликацијата за iOS и Android, започнува да функционира дури кога батеријата на корисниците не падне под 5%.
Во суштина, тоа е апликација на која може да се пристапи само во последните моменти од животен век на вашата батерија.
По инсталацијата, апликацијата не бара од корисникот никакви лични податоци, туку само корисничко име кое сака и пристап до напонот на батеријата.
Кога ќе дојде овој неизбежен момент, добивате пристап до група која најчесто се состои од последни крикови на корисници кои минуваат низ, или веќе минале низ губење на батеријата.