Во споредба со гигантите, какви што се Samsung или Huawei, OnePlus е релативно мала компанија. Меѓутоа, и покрај тоа, One Plus планира следната година да го објави првиот 5G смартфон во Европа. Извршниот директор на компанијата, Пит Лау сега објави повеќе информации за претстојниот производ.
Лау сега откри дека не очекува огромна продажба на првиот 5G смартфон на компанијата. Следната година, технологијата и цеосниот 5G пазар и натаму ќе биде во ран стадиум, што ќе влијае на помалата побарувачка за 5G телефоните. Меѓутоа, ова би можело значајно да се промени во текот на 2020. година и поради ова, One Plus е заинтересиран да го презентира уредот следната година.