Почнуваат да се појавуваат се повеќе информации за Huawei P30 серијата паметни телефони. Најпрвин, имавме гласини за тоа дека P30 Pro моделот ќе го имплементира се уште ненајавениот Sony IMX607 сензор, а сега се појавија уште некои поспецифични детали. Според извештаите од индустриските извори, Huawei P30 Pro ќе има засек во екранор (notch) и закривен OLED панел.
Ова е посебно интересно доколку знаеме дека Huawei подготвува два телефона со punch hole отвор за предната камера – Huawei Nova 4 и Honor View 20.
Се сугерира дека BOE или LG ќе бидат снабдувачи на овие OLED панели за Huawei, што значи дека се очекива преден дизајн речиси идентичен на оној кој го има Huawei Mate 20 Pro – широк засек и закривен стаклен панел. Иако, можно е да биде имплементиран и notch во облик на капка, како на пропратната фотографија.
Моментно се уште е рано да се каже дали ситуацијата вака ќе се развива, бидејќи многу би можело да се промени за два до три месеца и Samsung би можел да биде во прилика да ги обезбеди за Huawei своите Infinity-O екрани.