Само една недела откако беше навестено дека Xiaomi подготвува телефон со 48 MP камера, пристигнува уште една интересна информација за популарниот кинески производител. Компанијата го подготвува Xiaomi Play смартфонот, кој ќе биде претставен на 24. декември.

Информацијата е објавена преку социјалната мрежа Weibo, од корисник кој сугерираше дека Xiaomi најверојатно ќе одржи специјален промотивен настан на 24. декември. Иако не е откриено ништо за таканаречениот Xiaomi Play телефон, големи се шансите дека тој ќе биде наменет за помладите корисници и за оние кои се заинтересирани за гејминг.

Новиот уред веројатно ќе биде директен одговор на Honor Play, во слична ценовна категроија, со оглед на тоа дека Xiaomi веќе има вистински гејминг смартфони – Black Shark и Black Shark Helo. Некои извори од Кина сугерираат дека ова би можел да биде ребрендираниот Pocophone F1.