Според новото истражување на компанијата IDC, пазарот кој ги опфаќа уредите како што се десктоп компјутерите, преносните компјутери, таблет уреди, мобилни работни станици и 2-во-1 уреди продолжува со намалување на бројот на испораките.
Целокупниот пазар, односно испораките на наведените производи би требало во 2022. година да изнесуваат 378 милиони примероци, во однос на испораките од 407 милиони забележани во текот на оваа година.
Најголемиот пад се очекува поради се послабата продажба на класичните таблет уреди, додека 2-во-1 уредите со одделни тастатури би требало до 2022. година да забележат раст од 7,8 проценти.
Во IDC прогнозираат краткотрајно опоравување на пазарот во текот на 2019. година, поради доаѓањето на пазарот на новите уреди на компаниите Apple, Microsoft, Samsung и Google.