Една од карактеристиките која macOS Mojave на Apple ја имплементира е поддршката за темен режим (Dark Mode). Ова значи дека кога ќе се примени, некои апликации добиваат потемна тема, која не ги заморува очите кога се гледа во услови на слабо осветлување. За жал, оваа опција не е применлива на сите апликации, бидејќи и програмерите мораат да се вклучат во поддршката.
Неодамна Google обајви ажурирање за Chrome, кое имплементира неколку нови функции (заштита од рекламите кои ги мамат корисниците), но немаше опција за темна тема. Сепак, објавено е дека поддршката за Dark Mode се очекува на почетокот на 2019. година. Ова е базирано на објавата на Reddit, која укажува на нова измена во кодот, која е пронајдена во Chromium.
Измената на кодот сугерира дека поддршката за темен режим на macOS ќе пристигне во следното ажурирање. Промените во Chromium вообичаено се појавуваат на секои шест месеци, што значи дека Dark mode за мацОС се очекува во раните месеци на следната година.
Пратечкиот скриншот покажува и како ќе изгледа темниот режим на macOS.