Koenigsegg го направи првиот автомобил во светот кој користи технологија на голи јаглеродни влакна, која се нарекува Koenigsegg Naked Carbon или скратено KNC.
KNC не содржи лак, завршна глазура или кој било алтернативен слој кој обично се користи на површини изработени од јаглеродни влакна. Тенкиот слој на епоксид кој вообичаено ги покрива зацврстените јаглеродни влакна внимателно е отстранет со рачно полирање. Ова е многу чувствителен процес, бидејќи еден потег лесно може да го оштети ткаењето под епоксидот. Конечниот резултат е феноменален нов изглед. Телото на автомобилот станува студено кога се допира поради „недостаток“ на епоксид и лак.
Оваа смела конфигурација и технологија на обработка на јаглеродни влакна е нарачана од страна на швајцарскиот авто дилер Carage чие официјалното отворање е закажано по салонот за автомобили во Женева следната година.
Koenigsegg овој метод го има усовршувано повеќе години, применувајќи го на фелни, спојлери, управувачи …, со одличен ефект.
Целосниот текст може да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас
Поврзани артикли