Ледениот покривач на Гренланд содржи онолку количина на вода, доволна за да го крене нивото на сите мориња и океани за седум метри, велат научниците. Нова направена студија покажува дека Гренланд се топи со брзина незабележана во изминатите илјада години, пишува Дру Кан за CNN.
Научното списание Nature, пред неколку дена објави студија која покажува дека ледот на Гренланд во последните две децении почнало забрзано да се топи. Во студијата се вели дека од почетокот на индустриската револуција на средината на 19 век, Гренланд бил релативно стабилен.
Денес ледената плоча се топи 50% побрзо отколку во прединдустриската доба и 33% побрзо отколку во 20 век, сметаат научниците.
„Успеавме да докажеме дека ледената плоча на Гренланд, денес се топи со незабележана брзина. Не знаеме што може да се случи во иднина“, вели Сара Дас, научник од Океанографскиот институт „Вудс Хол“ и коавтор на студијата.
За да откријат со колкава брзина се топи ледот, научниците користеле бушалици со големина на семафор. Примероци се собрани од локацијата на 1828 метри над морето, што овозможило подобар увид во топењето на ледот во текот на минатите векови.
Во октомврискиот извештај на ОН на овој Меѓународен панел за климатските промени, се предупредува дека човештвото има десетина години за да избегне клматска катастрофа. Оваа студија особено предупредува за милионите луѓе кои живеат покрај крајбрежјата.
Топењето на ледот на Гренланд придонесува за пораст на нивото на морето повеќе од кој било друг фактор. Поради тоа крајбрежните градови и населби се во опасност. Осум од десет најголеми градови во светот се сместени покрај морињата, а речиси 50% од глобалната популација живее во подрачја чувствителни на подигање на нивото на морето.
„Бидејќи земјината атмосфера и понатаму се загрева, топењето наскоро може да биде побрзо и од порастот на температурите“, објаснува Лук Трусел, доцент на универзитетот Рован и коавтор на студијата.
Поврзани артикли