Малку по премиерата на чипсетот Snapdragon 855, кој следната година ќе најде место во првите 5G смартфони, Xiaomi подготви специјална верзија на предводникот Mi MIX 3, која работи со него.
Компанијата ја покажа промената на партнерската конференција на China Mobile и покажа како уредот може да се користи за побрз пристап до интернет и видео стриминг преку 5G мрежа.
Опцијата комбинира Snapdragon 855 со 5G Snapdragon X50 модем кој може да постигне 2Gbps брзина на превземање. Xiaomi вели дека ќе учествува во првиот бран од 5G тестови на China Mobile во првиот квартал од 2019 година и исто така ќе понуди Mi MIX 3 со 5G во Европа.
Во третиот квартал од следната година, компанијата се подготвува да понуди комерцијални 5G паметни телефони,со поддршка на China Mobile мрежата.