Апликацијата за допишување не се прослави, па Google одлучи да ја изгаси, исто како и Hangouts.
Сега е и официјално: Google ги објави своите планови за гаснење на апликациите за комуникација: Allo и Hangouts. Како што претходно се шпекулираше, компанијата во иднина не планира да има повеќе мобилни апликации наменети исклучиво за чет и видео повици, туку своите напори ќе ги насочи само на понатамошниот развој на оние кои заживеале меѓу корисниците.
Во согласност со новообјавените планови за апликацијата Allo, чиј развој беше сопрен оваа година, таа наскоро ќе биде изгасена. Најдоброто од неа ќе биде применето на апликацијата Messages, на чиј развој Google позначајно ќе се сконцентрира. На тој начин, Messages ќе добие паметни одговори, поддршка за GIF-ови и веб верзија, а Allo, кој сето тоа го имаше, заминува во вечното почивалиште, по март следната година.
Кога се работи за видео повиците, Google ќе продолжи со развојот за апликацијата Duo, наменета баш за тоа, која бележи добри резултати на Android, но и на iOS.
Апликацијата Hangouts, како што знаеме, исто така повеќе нема да биде во фокусот на програмерските тимови. Засега ќе одтане во функција, но нема да добива надградби и нови опции. Наместо тоа, Google ќе се ориентира на нејзините верзии Hangouts Meet и Hangouts Chat, наменети заа бизнис корисниците.
Поврзани артикли