Nokia 5.1 Plus наскоро би можел да стигне на пазарот на Европа. Сајтот MySmartPrice доби ексклузивни информации за цената на овој достапен Android One телефон.
Според наводите, HMD Global зачестено објавуваше информации за пласирање на достапниот уред на Nokia на пазарите во Австрија, Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Русија, Србија и Украина. Меѓутоа, заинтересираните купувачи досега се уште немаа шанса да го нарачаат телефонот.
Nokia 5.1 Plus на европскиот пазар ќе чини 259 евра, што телефонот од буџетскиот сегмент го поместува во средната класа. Европската цена на телефонот е нешто поголема, најверојатно поради додавање на различните такси, даноци и увозни тарифи.
Споменатата цена за смартфонот на Nokia e за моделот со 3GB RAM + 32GB простор за складирање, што е и единствената конфигурација во која е достапен Nokia 5.1 Plus.
Телефонот се уште не ја доби очекуваната надградба на Android 9 Pie, но го доби November 2018 Android Security Patch Update. Nokia 5.1 Plus има 5.86-инчен IPS LCD екран со 1520 x 720p резолуција, MediaTek Helio P60 чипсет, 3GB RAM, 32GB интерна меморија, 13MP + 5MP камери на задната страна, 8MP предна камера и 3060mAh батерија.