Twitter тестира нова функција што во твитовите ќе додава назнака „оригинален твитерџија“ (original tweeter) за полесно да се разликуваат твитовите што пристигнале од оригиналниот профил.

Новата функција засега е достапна за мал број твитерџии со уреди што користат оперативен систем Android и iOS. Засега, нема многу детали за функцијата освен дека ќе се додаде сива назнака Original tweeter под името на корисникот, слично на индикаторот на статус што Twitter  го тестираше на почетокот на овој месец.

Функцијата би можела да биде корисна при комуникацијата на твитерџиите кои имаат поголем број следбеници за полесно да се разликуваат измамниците и пародиите.