Лаптопите се ефикасни машини без кои не може да се замисли модерниот живот. За разлика од класичните декстоп компјутери, лаптопите се преносни и креирани се токму со цел да ви овозможат пристап до компјутер на било кое место.
Сепак, иако делуваат како совршени компјутерски машини, тие се конструирани од чувствителни компоненти кои често знаат да се прегреваат. Секако, ова прегревање честопати е предизвикано од таложење на прашина која се заглавува во внатрешноста на куќиштето од лаптопот, па затоа е многу важно одвреме-навреме да го чистите истото.
Но, некои немаат време веднаш да го направат тоа, а работата на лаптопот им е од исклучително значење, а кога лаптопот се прегрева, тогаш работата станува отежната.
Затоа, одлучивме да ви претставиме еден едноставен трик кој веднаш делува и кој ќе му овозможи брзо и подобро ладење на вашиот уред. Се што ви е потребно се две обични вилушки.
Поставете ги вилушките со врвовите нагоре и раздвојте ги во оддалеченост од вашата големина на лаптопот. Вилушките ќе го одвојат вашиот лаптоп од подлогата на која се наоѓа и со тоа ќе овозможат подобро струење на воздухот и со тоа подобро ладење.
Извор: Muski Magazin
Поврзани артикли