Пред да влезете во авантура на купување половен телефон мора да проверите неколку детали. Еве неколку од нив.
Проверете го куќиштето на телефонот
Ова може да ви се чини дека е нешто што вие би го направиле, но бидете сигурни дека прегледот на телото на телефонот оди подлабоко од гребење. Обрнете внимание на оштетувањата предизвикани од течности кои може да се препознаат по ‘рѓата.
Ако можете, отворете го задниот поклопец и проверете го контактот на батеријата за траги од невообичаена боја – особено жолта или портокалова. Во случај сопственикот да ја сменил батеријата, проверете дали има траги од ‘рѓа. Исто така, проверете дали на местото за приклучоците (USB или полнач) има’рѓа – ако има, значи дека уредот е под вода и претрпел оштетување од вода.
Што се однесува до пукнатините, најлесно е да ги видите ако го вклучите уредот. Проверете го објективот на камерата, како и самиот телефон (особено рабовите). Ако уредот е изгребан, очигледно во некој момент паѓал – што значи дека има шанси некој внатрешен дел да е оштетен.
Проверете ги техничките карактеристики
Ако купувате половен телефон, задолжително проверете дали ги има сите нешта кои ќе ви требаат. Гледате многу видеа? Ќе ви треба поголем екран. Сакате издржлив телефон? Купете го оној со посилна механичка заштита. Барате добра камера? Проверете во рецензиите дали ви се нуди она што ви треба.
Што и да ви треба, проверете ги информациите на официјалната страница на произведувачот. Само запишете го моделот во пребарувачот и ќе ги видите резултатите.
Кога ќе го вклучите телефонот, проверете дали работи екранот.
Проверете дали телефонот е украден
Замислите да купите телефон и само неколку дена подоцна на вратата да ви се појави полицијата и да излезе дека сте купиле украден уред. За да го избегнете тоа, прашајте го купувачот за IMEI, ESN или MEID и проверете дали уредот е украден. Едноставно пребарување „IMEI check“ или „ESN check“ ќе резултира со еден куп страници на кои можете да проверите дали телефонот е украден.
iPhone или Android?
Кога ќе одлучите да купите телефон, веројатно ќе ве интересира и оперативниот систем. Пред да го купите телефонот, распрашајте се и за тоа и изберете го системот кој најмногу ви одговара.
Проверете дали телефонот е заклучен на една мрежа
Отклучениот телефон може да биде малку поскап од неотклучениот. Исто така, доколку телефонот е заклучен, односно кодиран, треба да знаете дека отклучувањето може да биде дополнителен трошок.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли