Гартнер го објави својот извештај за продажба на телефони за периодот во текот на третото тримесечје на 2018. година. Вкупниот пазар оствари раст од само 1,4 проценти, а продадени се 389 милиони уреди. Samsung е водечки, но Huawei полека го стигнува. Се сугерира дека доколку не се кинеските брендови, како што се Huawei, Xiaomi и Oppo, глобалниот пазар на смартфони би остварил пад од 5,2 проценти во споредба со третото тримесечје на 2017. година.
Аналитичарите истакнуваат дека Samsung доживеал најголем пад на продажбата на смартфони, а ваквиот развој на ситуацијата не можеа да ја спречат ни Galaxy S9 и Galaxy Note 9 уредите. Поради тоа, јужнокорејскиот производител забележал пад од 14 проценти на годишно ниво. Во комбинација со порастот на продажбата на Huawei, разликата помеѓу двата производитела значително е намалена. Во текот на третото тримесечје, Apple стагнираше, со раст од само 0,7 проценти.