Наследникот на Vivo NEX телефонот пристигнува наскоро, а компанијата сега официјално објави видео најава за уредот на својата веб-страница. Се појавија рендери од смартфонот, а промотивната кампања почна на форумот на компанијата Vivo.
Vivo NEX S2/Vivo NEX 2 најверојатно ќе биде објавен на 11. декември, а се сугерира дека паметниот телефон ќе има 10 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Се уште се очекуваат деталните спецификации и детали за телефонот, но веројатно дека ќе го краси Snapdragon 845 чипсетот, големиот AMOLED екран и сензорот за отпечатоци од прсти под екранот.
Краткиот видео тизер открива заден панел со кружен модул во горниот дел. Vivo NEX 2 најверојатно ќе пристигне и во Европа, по препорачана цена од 849 евра.