Intel официјално преминува на Windows Modern Drivers платформата, со првите Universal Windows драјвери на компанијата, кои нудат оптимизација специфично за UWP апликациите.
Почнувајќи од Windows 10 version 1809 (October 2018 Update), Microsoft бара од компаниите да ги објават Windows Modern Drivers, а Intel истакнува дека од оваа верзија, компанијата планира да објавува само нов вид на драјвери.
Старата верзија, која ќе продолжи да биде достапна, ќе биде сметана за “legacy” на драјверите. Ќе биде можно префрлање од модерните на legacy драјверите, но овој потег не се препорачува. Меѓутоа, ќе биде можно ажурирање на legacy драјверите директно на Modern Windows Driver, што компјутерот автоматски ќе го префрли на новиот систем.
Новата верзија на драјвери донесува поддршка за 12 различни игри, функциите како Game Tuning ажурирањето, намалената потрошувачка на RAM во OpenGL мод, подобрување на стабилноста на Vulkan драјверите и подобра потрошувачка на батеријата со Display Refresh Rate Switching на поддржаните монитори.