Apple оваа недела стартуваше со план за чистење на својата кинеска верзија на App Store, од каде беа отстранети повеќе од 700 апликации кои ги прекршиле правилата на Apple, во врска со надградбите.
Компанијата од Купертино за кинески стандарди е донекаде маргинален играч на тамошниот пазар, но сепак Apple не може да си приушти запоставувањење на својата кинеска верзија на App Store.
Apple од продажбата на апликации на кинескиот пазар заработува големи парични износи, па на компанијата и е важно тамошниот App Store да се уреди и исчисти од апликации кои не ги почитуваат правилата на Apple.
Поточно, планираните надградби на постоечките верзии на апликациите кои се отстранети, наводно не поминале низ системот на проверка на Apple во рамките на App Store (проверка што се однесува на нивниот интегритет и безбедност).
Што се однесува до имињата и видот на отстранети апликации, листата е разновидна и апликациите им припаѓаат на многубројните категории (на пример пребарувачот Sogou или платформата за е-трговија Pinduoduo).
Поврзани артикли