Атрактивниот смартфон од понеделник ќе може да се набави преку единствениот oвластен дистрибутер за Xiaomi во Македонија „Хај Комуникации”, како и онлајн на www.hi.mk.
Xiaomi со подваријантата на годинашниот флегшип модел Mi 8, повторно докажа дека нешто многу добро не мора да биде и екстремно скапо. Моделот Mi 8 Lite изгледа одлично, го има свежиот MIUI 10 интерфејс и поседува се што се бара од еден модерен смартфон. Атрактивниот паметен телефон од понеделник ќе може да се набави преку единствениот oвластен дистрибутер за Xiaomi во Македонија „Хај Комуникации”, како и онлајн на www.hi.mk, а веќе од утре ќе биде објавена и цената на уредот.
Се за него, она што е позитивно и она помалку добро можете да го дознаете во продолжението на текстот.
Дизајн и ергономија
Xiaomi Mi 8 Lite има најмногу сличности со моделот Mi 8 SE, кој има нешто помал дисплеј, но во AMOLED варијанта и нешто побрз процесор. Стаклото однапред и одзади и алуминиумската рамка се главните одлики на Xiaomi Mi 8 Lite, баш како и остатокот од Mi 8 семејството.
Предниот дел е речиси целосно прекриен со екран, со големина од 6,26 инчи. Во засекот на врвот е сместена 24 MP селфи камера, слушалката за повици, сензори и ситно, но и натаму присутни нотификациски LED. Околните рамки се прилично мали, па Mi 8 Lite изгледа модерно и атрактивно.
Распоредот на отвори и копчиња е очекуван, па на левата страна Mi 8 Lite носи хибриден слот за две nano SIM или nano SIM + microSD картички. На спротивната страна се копчињата за јачина на гласност и за вклучување/исклучување на уредот.
Горе е само секундарниот микрофон, а долу главниот звучник, USB-C и главен микрофон. USB-C тука се користи и за приклучување на слушалки, бидејќи нема 3,5-милиметарски аудио влез.
Стаклото на задната страна е сосема рамно, а од него благо штрчи модулот на двојната камера. Нешто пниско е супер брзиот читач на отпечатоци од прсти, а уште пониско од Mi логото. Под капакот е батеријата со капацитет 3350 mAh, а обезбедува автономија која е прилично задовилителна.
Mi 8 Lite според димензиите е просечно голем смартфон. Врвот на екранот е високо, но прстот до горе не морате да го растегнувате, бидејќи центарот за известување може да се спушти и со гестот за лизгање надолу, а и да се намали приказот на екранот, доколку тоа го преферирате.
Квалитетот на изработка е одличен, а колку е отпорен на удари и гребење, тешко е да се процени од нашето кратко дружење. Поради тоа, ја поздравувавм силиконската маска во пакетот, бидејќи без неа е многу лизгав во рака. Сепак, не е водоотпорен.
Екран
Xiaomi Mi 8 Lite има убав, простран и остар IPS LCD 19:9 екран во 1080+ резолуција. Дијагоналата изнесува 6,26 инчи, а со густина од 403 пиксели по инч, текстот е кристално остар, а боите на фотографиите живописни и прилично реални. Дисплејот не е лош ни по прашање на читливоста под агол, но осветлувањето на отворено би требало да биде уште поголемо за подобра читливост.
Засекот на врвот е присутен, но е еден од помалите на пазарот и не зазема многу простор, а во поставките може и да се скрие. Како таков, овој екран е одличен за сурфање на интернет, мултимедија, социјални мрежи и игро, а може и да се подели на два дела за работа во две апликации одеднаш.
Камери
Xiaomi Mi 8 Lite ја има истата конфигурација на камери на задната страна како Mi 8 SE, па така од задниот дел носи 12 MP (f/1.9) + 5 MP (f/2.0) со фазен автофокус, автоматски HDR, дигитална стабилизација и 4K видео снимање.
Од предната страна е селфи камерата од 24 MP со отвор на блендата f/2.0, со поддршка за портрети, разубавување, autoHDr и 1080p видео снимање.
Интерфејсот на камерата не е никаква новост и е идентичен како на сите останати понови модели на Xiaomi, па го имплементира и фамозниот AI, на задната и предната камера. Ги препознава сцените и автоматски го подесува најдобриот алгоритам.
Меѓу режимите на снимање, покрај автоматскиот, портретниот, панорамскиот и квадратниот, тука е и рачниот, во кој можете да управувате со далечината на експозиција, ISO и балансот на белата боја.
Mi 8 Lite докажува дека не морате да отидете во банкрот, за да добиете сосема пристојна камера. Дневните фотографии се одлични со многу добар динамички распон, а нема да ве разочараат ни ноќните, ако немате некои нереални очекувања. Втората камера ја користи за мерење на длабочината и снимање на портрети, кои воглавно излегуваат солидно.
Софтвер
Xiaomi Mi 8 Lite врти стабилна верзија на MIUI 10 интерфејсот на Xiaomi, врз Android верзијата 8.1 Oreo. Има свои предности, но и недостатоци. Според мене, изгледа подобро од било кога, но се уште не ги прикажува иконите за известување во статусната лента, иако во бета верзијата оваа опција е присутна. Наводно, ќе пристигне и во оваа глобалната.
Менито со апликации не е поддржано, па откако го добив смартфонот, го задржав практично истото корисничко искуство, со тоа што го инсталирав Poco Launcher.
Заклучениот екран е веќе виден, а најверојатно нема ни често да го гледате, доколку го користите читачот за отпечатоци на прсти или Face Unlock. Почентиот екран поддржува теми (зависно од избраниот регион) и на крајната левта страна страница, стандардно ја прикажува контролната плоча на Xiaomi со виџети, но може да исклучи.
На долниот дел има док со пет икони, а под него и навигациска лента, која е можно и да се скрие, па да се користат одлично имплементираните навигациски гестови, по примерот на iOS. Мултитаскинг приказот сега го одликува изглед на мозаик, па гледате повеќе отворени апликации, а поддржан е и Split Screen, односно работење во две апликации истовремено.
Перформанси и батерија
Mi 8 Lite работи на Snapdragon 660 чипсет со осумпроцесорски јадра и 4/6 GB RAM меморија. Интерната меморија изнесува 64/128 GB, а може да се прошири преку мемориска картичка.
Моделот од средната класа на Huawei нема да ги разочара ни гејмерите. Имено, без проблеми и прегревање на средни графички поставки може да ги врти популарните наслови Asphalt 9 и PUBG.
Читачот на отпечатоци од прсти на задната страна е брз и безбеден. Face Unlock треба посебно да се вклучи, а не е достапен во сите региони. После повеќе обиди и грешки, како идеален го откривме регионот на Хонг Конг, во кој работат Face Unlock и темите, па ви препорачуваме да ги испробаме.
Квалитетот на повици е просечен и нема што посебно да се истакне. Постои и опција за вметнување на две nano SIM картички, а локациските услуги исто така функционираат уредно.
Батеријата е со капацитет 3350 mAh и пружа еден ден интензивно користење со повеќе од 8 часа вклучен екран. Тоа може да се развлече и на два дена, доколку не играте игри. Поддржано е QC 3.0 брзо полнење, а со полначот што доаѓа во пакетот, до 100 проценти се полни за околу 90 минути.
Предности:
- Многу добар екран
- Модерен дизајн
- Квалитет на изработка и впечаток во рака
- Солидни перформанси
- Читач за отпечатоци од прсти + Face Unlock
- Заштитна маска во пакетот
- Пристојна автономија на батеријата
Недостатоци:
- Нема 3,5-милиметарски аудио излез
- Недостасува NFC
- MIUI 10 моменто не ги прикажува известувањата во статусната лента (се чека надградба)
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Процесор: | 8x Snapdragon 660 @ max 2.2 GHz; Графика: Adreno 512 |
Екран: | 6.26” 19:9 IPS LCD 1080 x 2280 (~403 ppi); Gorilla Glass 5 |
RAM и меморија: | 4/6 GB RAM; 64/128 GB интерна меморија |
Задни камери: | Duo: 12+5 MP; f/1,9 + f/2.0; PDAF, EIS; AI; LED; 4K |
Предна камера: | 24 MP; 1080p видео снимање |
Поврзливост | 4G; WiFi; Bluetooth; GPS; dual SIM |
Батерија: | Li-Po 3350 mAh интегрирана; QC 3.0 |
Биометрија | Сензор за отпечаток од прстот, Face Unlock |
Димензии | 156.4 x 75.8 x 7.5 мм |
Тежина: | 169 гр |
Оперативен систем: | MIUI 10 на Android 8.1 Oreo |