Безбедносниот пакет Toyota Safety Sence драматично го намалува бројот на несреќи при удари од позади, а во моментов се вградува во 90% од моделите на Toyota и Lexus.
Системот Toyota Safety Sence премиерно e претставен со Corolla во 2015 година, а денес 3,5 години подоцна, сведоци сме на големо достигнување – постигната е цел од 10 милиони инсталации. Во моментов, системот е достапен во 68 земји, а до 2020 година ќе биде достапен во 100 земји.
Според предвиденото, до крајот на оваа година, со системот ќе располагаат три милиони возила во Јапонија и пет милиони возила во Северна Америка. Од почетокот на оваа година, воведен е системот од втора генерација, со подобрени функции и подобрена прилагодливост.
Целосниот текст може да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас
Поврзани артикли