Еден од најпознатите и најпопуларни сервиси за складирање податоци на интернет – Dropbox, неодамна ја унапреди својата функционалност.
Dropbox е веќе познат по можноста која им дозволува на другите апликации да складираат податоци преку него. Сега пристигнува опција која овозможува обратно, поддршка за екстерни апликации во рамките на самиот Dropbox.
Dropbox воведува нова опција – Extensions, која на корисниците им овозможува своите фајлови да ги отвораат директно во рамките на Dropbox страницата во некоја од апликациите кои ја користат, доколку таа е поддржана од Dropbox.
Опцијата “Open with” имаат поддршка за популарните формати како што се PDF, Word, DWG, како и сите најважни видео и фото формати.
Dropbox засега ги поддржува апликациите како што се DocuSign, HelloSign, HelloFax, Pixlr, Vimeo и апликациите на компаниите Adobe и Autodesk.
Поврзани артикли