Потпретседателот на продукт-маркетингот во Apple, Greg Joswiak во интервју за CNET прокоментира дека iPhone XR е најпопуларен iPhone од моментот кога стана достапен. Овој коментар очигледно е последица од неодамнешните извештаи на аналитичарите дека iPhone XR остварува полоши резултати од она што го очекуваше Apple.
Ова се практично први официјални зборови кои пристигнуваат од Apple на тема продажба на новите iPhone модели, а пристигнуваат по бројните извештаи и гласини за тоа дека компанијата морала да ги намали нарачките за новите телефони. Ова доведе до загриженост дека продажбата на најновата генерација на iPhone е во пад.
Иако официјално лице на компанијата истакна дека XR е најпродаван iPhone, проблем претставува фактот дека Apple не објави никакви конректни бројки за продажбата. Поради тоа е невозможно да се знае дали XR забележал одлични резултати или само се продава подобро од XS и XS Max моделите, кои можеби имаат разочарувачка продажба.